Муцунски на свечен прием заедно со ГС на НАТО и претседателите на Албанија, Косово и Црна Гора
Во рамките на Парламентарното собрание на НАТО, имав чест заедно со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, претседателите на Албанија, Косово и Црна Гора, премиерот и министерот за надворешни работи на Хрватска, членови на Претседателството на Босна и Херцеговина и други лидери од регионот – да присуствувам на свечениот прием што се одржа на локацијата каде што беше потпишан Дејтонскиот договор, во воздухопловната база „Врајт-Патерсон“.
Ова го објави на неговиот фејсбук профил министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски.
- Во контекст на значењето на Дејтонскиот договор за регионот ја нагласивме потребата од засилена регионална соработка, стабилност и безбедност, напиша Муцунски на Фејсбук.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа