ВЛЕН: Постигнавме многу за само 11 месеци
За само 11 месеци владеење, ВЛЕН ја преработува економската мапа на земјата преку смели реформи и големи капитални инвестиции. Едно од најголемите достигнувања е историскиот договор со Велика Британија, вреден 6 милијарди евра, кој отвора нови хоризонти за економски развој, вработување и благосостојба за сите граѓани. Ова денеска го велат од ВЛЕН преку соопштение до јавноста.
Започнавме со ONE STOP SHOP во Блаце, модерна точка за олеснување на прекуграничната трговија и циркулација, а продолжуваме со нови точки во Јажинце, Табановце и Ќафасан.
300 милиони евра за општините, каде се градат училишта, градинки, спортски сали, библиотеки, патишта, водовод, канализација и јавни базени.
35 милиони евра за изградба на новиот универзитетски кампус “Мајка Тереза“, инвестиција во образованието и иднината на нашите млади.
20 милиони евра за подземниот паркинг на плоштадот “Скендербег“, со кој ќе се модернизира урбаната инфраструктура во срцето на Скопје.
250 милиони евра за поддршка на локалните компании, како поттик за економски развој и вработување.
Од 10.000 евра за секој млад земјоделец, како почетна помош за отворање земјоделска дејност, конкретна инвестиција во руралниот сектор.
Зголемување на платите: Наставници: +12%. Здравствени работници: +15%. Полиција: +10%. Пензии: +5.000 денари за 340.000 пензионери во рок од 9 месеци.
Зголемување на капитацијата: +33% за матичните лекари и гинеколози. +22% за стоматолози.
720 милиони евра странски директни инвестиции и 2.790 нови работни места, одржлив економски развој и можности за младите луѓе.
- Ова се само дел од нашите достигнувања за само 11 месеци владеење. Промената е реална и мерлива. Резултатите зборуваат сами за себе. ВЛЕН дејствува, се осмелува и носи промени. Ќе продолжиме да бидеме гласот на граѓаните, со конкретни дела и јасна визија за подобра иднина, велат тие.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа