Меџити: Таравари веќе е дел од ДУИ - Нека му е со среќа

 

Додека лидерот на дел од Алијанса за Албанците Арбен Таравари беше дел од коалицијата „Влен“ немаше логика да соработува со Демократската унија за интеграција. Во моментот кога одлучи да соработува со Демократската унија за интеграција, не може да има соработка со „Влен“. Ова го изјави еден од лидерите на коалицијата „Вреди“, Изет Меџити.

- Во моментот кога Таравари одлучи да соработува со Демократската унија за интеграција, не може да има соработка со „Вреди“, затоа што тогаш се губи смислата и на промената и на тоа кој е позиција а кој опозиција. Тој тоа треба да им го објасни на гласачите, но мислам дека всушност станува збор за обид да го смири членството, да „замаглува“ дека може да оди сам или може да соработува со „Вреди“. Многу јасно и видливо е дека тој е веќе дел од ДУИ, изјави Меџити пред почетокот на состанокот на Централното претседателство на „Вреди“.

Вели на Тараври нека му е со среќа. - Ќе се соочиме на локалните избори во октомври, додаде Меџити.

27.05.2025 - 08:29

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега