ВМРО-ДПМНЕ: Филипче е портчко на Заев - си наштетува себе си, ама и на државата
Венко Филипче функционирајќи како потрчко на Зоран Заев и нанесува штета и себе си, и на партијата и на државата, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ утрово во писмено соопштение испратено до медиумите.
Оттука Филипче за претстојните локални наместо личности за победа избира личности за пораз. Свесни во партијата за тоа бегаат подалеку, па Филипче останува со потрчковците на Заев.
Така за кандидат за главниот град изборот падна на Каја Шукова, која како министер за животна средина освен што се жалеше не направи ништо.
Како и да е Шукова прифати да ја игра улогата на слуга на Заев и на Филипче и да се движи кон сигурен пораз.
Јасно е дека СДС се подготвува за октомвриски тежок пораз, тоа како да им е јасно и на самите кандидати.
Ова покажува дека кога политичарите се водени од лични бизнис интереси, наместо кон победа се движат по сигурен пат кој води до пораз.
Скопје пак има потреба од личност на која приоритет и е градот Скопје и скопјани.
Оттука за локалните избори во октомври се знае резултат однапред. Граѓаните ќе дадат црвен картон за политиките на СДС креирани од Филипче, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа