Познат идентитетот на лажниот дојавувач на скопскиот аеродром: 26-годишник ќе одговара за „тероризам“

 

Познат идентитетот на лажниот дојавувач на скопскиот аеродром: 26-годишник ќе одговара за „тероризам“

Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при МВР – Сектор за борба против тероризам, до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, поднесе кривична пријава по брза постапка против С.А.(26) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тероризам“ по член 394 - б од Кривичниот законик.    

По преземени мерки и активности дојдено е до сознание дека на 16.08.2025 во 02.41 часот лажно пријавил дека е поставена бомба во авион кој од Меѓународниот аеродром Скопје требаше да полета кон Република Турција, по што аеродромот беше затворен за сообраќај неколку часа, а планираните летови, исто така, беа одложени за неколку часа, односно до завршување на антитерористичките проверки. При преземањето мерки, на 20.08.2025, со судска наредба, бил извршен претрес во домот на С.А. на подрачјето на Кисела Вода, при што биле пронајдени и одземени предмети поврзани со настанот, а тој бил лишен од слобода. Во службен разговор во полициска станица тој го признал делото.

21.08.2025 - 09:36

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега