Притвор за поранешниот претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица

 

Поранешниот Претседател на струмичкиот огранок на ВМРО-ДПМНЕ 28 годишниот Стојан Лазаров од Струмица е првоосмничен во акцијата која вчера ја спроведе МВР на граничниот премин Ново Село. Лазаров бил раководител на граничниот премин и полицијата го сомничи за криумчарење на огромна количина на текстилна стока која потоа се продавала по струмичките бутици. Полицијата вчера соопшти дека се приведени вкупно 13 лица, меѓу кои и цариници но и сопственици на бутици и превозници. Судијата на претходна постапка на сите им определи притвор.

Според досега документираните сознанија, делата се вршени на тој начин што нарачателите на трговската стока - правни субјекти, кои истата ја купувале во Бугарија и Грција претходно ја оставале на одредено, само за нив познато место во Бугарија или Грција.

По претходен договор, појаснуваат од МВР, превозниците ја преземале стоката и ја пренесувале во Македонија. Тие транспортот го вршеле преку граничниот премин Ново Село до однапред договорена дестинација и тоа секогаш кога на должност биле некои од царинските службеници-членови на злосторничкото здружение, кои во договор со истите не вршеле царинска контрола, односно преглед на возилата и трговската стока што се пренесувала, а со цел да бидат избегнати задолжителните царински давачки.

За извршениот транспорт, нарачателите на трговската стока, на транспортерите откако ќе им ја доставеле трговската стока им плаќале одреден износ, а тие вака стекнатата противправна имотна корист не ја зачувувале за себе, туку по секој извршен транспорт, одредена сума им предавале цариниците.

08.03.2014 - 11:12

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега