Нов „Марш на ангелите“ во сабота

 

Здружението на граѓани „16-ти март 2025“ од кочани го најави одржувањето на 17-от „Марш на ангелите“, кој ќе се одржи оваа сабота, 9 август, со почеток точно во 18 часот и 5 минути.

Настанот ќе започне од градскиот парк во Кочани, а движењето ќе продолжи кон трговскиот центар, седиштето на општина Кочани, локалната канцеларија на министерството за внатрешни работи, како и Основниот суд во Кочани.

Организаторите упатуваат јавен повик за мирно и достоинствено учество, со посебен акцент на почитување на болката и приватноста на семејствата кои го предводат маршот. Како што се истакнува, настанот претставува реакција на, како што велат, „задоцнетата институционална реакција која доведе до трагедијата.

07.08.2025 - 19:29

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега