Оштетена бистата на Рацин: Украдени пистите на Крсте Петков Мисирков и Ѓорѓија Пулевски

 

На 12 мај 2025 година, во раните утрински часови, во Секторот за внатрешни работи Скопје било пријавено дека од просторот на Градскиот парк е украден споменикот на Крсте Петков Мисирков, еден од најзначајните дејци во историјата на македонскиот јазик и култура.

Истовремено, според информациите од Министерството за внатрешни работи, евидентирано е и оштетување на бистата на Кочо Рацин, поставена во непосредна близина, кај бараките на Град Скопје.

Случајот бил пријавен од страна на вработени во Јавното претпријатие „Паркови и зеленило“ во 09:30 часот, кои први го забележале исчезнувањето на споменикот и оштетувањето на другата биста при својата утринска обиколка на паркот.

Неколку часа подоцна, во 13:25 часот, уште еден сличен инцидент бил пријавен во полиција. Овој пат, од Основното училиште „Ѓорѓија Пулевски“ во скопската општина Аеродром било соопштено дека од училишниот двор е одземена спомен-биста посветена на македонскиот преродбеник и револуционер Ѓорѓија Пулевски.

Министерството за внатрешни работи информира дека се преземаат мерки за расчистување на двата случаи, а полициските екипи веќе работат на терен, прибирајќи докази и прегледувајќи снимки од безбедносните камери во обид да се идентификуваат сторителите.

14.05.2025 - 20:15

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега