Поранешната шефица на германската дипломатија избрана за претседателка на Генералното собрание на ОН

 

Поранешната германска министерка за надворешни работи, Аналена Бербок, денес беше избрана за претседателка на Генералното собрание на ОН.

Таа беше избрана на таа позиција во Њујорк, седиштето на Обединетите нации, со 167 гласови „за“. Бербок беше единствениот кандидат за едногодишната позиција, која е првенствено церемонијална и не треба да се меша со улогата на генерален секретар на ОН што моментално ја извршува Антонио Гутереш.

Изборот на пленарната седница пред 193 земји-членки на ОН се одржа со тајно гласање, наводно побарано од Русија. Бербок би требало да биде инаугурирана на 9 септември, непосредно пред годишниот состанок на Генералното собрание.

 
02.06.2025 - 19:59

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега