Прегазена жена на патот Кичево-Гостивар
Вчера во 09.05 часот, на крстосницата меѓу локален пат кај кичевското село Зајас и магистралниот пат Кичево-Гостивар, случена е сообраќајна незгода во која, патничко возило „Ауди“ управувано од А.С.(28) од кичевското село Колибари, удрило во пешакот Р.А.(38) од Зајас.
Таа со возило на Итната медицинска помош е пренесена во Општата болница во Кичево каде се констатирани тешки телесни повреди.
Увид на местото на незгодата извршија полициски екипи од ОВР Кичево.
19.07.2025 - 12:05
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа