Пресуда за родителите на Коста – познато колку треба да ѝ платат на наставничката

 

Вишиот суд во Белград донесе одлука во граѓанската постапка поднесена од наставничката Татјана Стевановиќ, која беше повредена во масакрот во училиштето „Владислав Рибникар“.

Судот ги задолжи родителите на малолетниот сторител, Коста Кецмановиќ, солидарно да ѝ исплатат надомест на нематеријална штета во износ од 6,9 милиони динари.

Обештетувањето се однесува на претрпена физичка болка, страв и душевни последици. Дополнително, родителите ќе треба да ги покријат и судските трошоци со законска затезна камата. Пресудата следи по рочиштето одржано на 25 април 2025 година.

21.05.2025 - 18:33

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега