Притвореникот кој почина во Шутка имал рак ама судот не знаел

 

Во истражниот затвор „Скопје“ – Шутка почина 54-годишниот Мирсад Пушка, обвинет во случајот „Синдром“. Роднините тврдат дека тој боледувал од рак и претходно имал мозочен удар, но во петмесечниот притвор не добивал соодветна медицинска нега.

Според нив, и покрај адвокатските барања за хоспитализација, судот не одобрил пренесување во клиника. Од Кривичниот суд велат дека не биле информирани за болеста и дека притворениот редовно бил носен на медицински прегледи.

 

На 30 август на Пушка му се слошило во ќелијата, а по интервенцијата на Итната медицинска помош, реанимацијата била неуспешна.

01.09.2025 - 09:36

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега