Ројтерс: ЕЦБ нема да ги менува каматните стапки

 

Европската централна банка (ЕЦБ) најверојатно ќе ја задржи сегашната референтна каматна стапка на нивото од 2 проценти и на септемврискиот состанок, јавува „Ројтерс“

Претседателката на ЕЦБ, Кристин Лагард, уште во јули порача дека институцијата е „на добро место“ по циклусот на намалување на каматите, додавајќи дека сегашната политика е соодветна за економските услови.

 

Сепак, според извори од банката, доколку економијата на еврозоната покаже знаци на посериозно забавување, можно е дискусиите за ново намалување на каматните стапки да бидат отворени повторно во текот на есента.

25.08.2025 - 11:17

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега