Русија и Кина го претставија моделот за новиот светски поредок

 

На регионалниот безбедносен самит во кинескиот град Тијанџин, претседателот Си Џинпинг повика на откажување од „менталитетот на Студената војна“ и создавање мултиполарен светски поредок заснован на меѓусебна почит и инклузивна глобализација.

Си истакна дека економскиот и трговскиот потенцијал на организацијата може да стане двигател на глобалниот развој и партнерство без доминација на една сила.

Рускиот претседател Владимир Путин ја поддржа оваа идеја, нагласувајќи дека групата оживува вистински мултилатерализам преку користење на национални валути во меѓусебните плаќања. Тој додаде дека со тоа се гради нов систем на регионална безбедност кој ги зема предвид интересите на повеќе држави.

На самитот учествуваат и индискиот премиер Нарендра Моди и други лидери од Централна, Јужна и Југоисточна Азија, како и од Блискиот Исток. Организацијата, која првично броеше шест членки, денес има десет постојани членки и 16 набљудувачи.

 

01.09.2025 - 09:23

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега