Русија предлага делумен прекин на огнот од два-три дена

 

Главниот руски преговарач Владимир Медински изјави дека Русија, на втората рунда директни преговори со Украина, предложила делумен прекин на огнот во траење два до три дена на одредени делови од фронтот.

Предложиме конкретен прекин на огнот во траење од два до три дена на поединечни подрачја од фронтот, за командантите да ги земат телата на своите војници – посочи Медински.

Тој потврди дека на Украина и е предаден меморандум со условите за целосен прекин на огнот.

02.06.2025 - 22:27

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега