СДСМ: Власта да не си игра со безбедноста на македонското небо

 

Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ветуваа мерит систем а донесоа бруталната и скандалозна партизација на институциите, велат од СДСМ. 
 
„Последен е скандалот во М-НАВ – клучната институција задолжена за безбедноста во воздухопловниот сообраќај, која станува уште една партиска испостава на власта.
 
Без било какви квалификации, мажот на директорка на Централен регистар, сопругата на Игор Југ — осуден за нападот на Собранието на 27 април и потпретседателот на УМС на ВМРО-ДПМНЕ се вдомени во М-НАВ наместо стручни, едуцирани и лиценцирани кадри. 
 
Додека млади луѓе со образование, знаење и стручност се одбиваат, партиската книшка на ВМРО-ДПМНЕ станува единствен критериум.
 
ВМРО-ДПМНЕ не само што ја загрозува безбедноста, туку испраќа силна порака до младите дека со оваа власт немаат иднина. 
 
Ова не е само скандал за партизација – ова е закана по безбедноста на патниците и воздушниот сообраќај. 
 
Власта да не си игра со безбедноста на македонското небо. М-НАВ не е играчка во рацете на ВМРО-ДПМНЕ, туку сервис што мора да функционира строго професионално и во служба на граѓаните.
 
СДСМ бара итно поништување на овој срамен оглас, повлекување на сите спорни решенија и оставки од сите инволвирани. 

 

Македонија мора да биде држава на знаење а не на партизацијата и непотизмот на ВМРО-ДПМНЕ“, стои во соопштението од СДСМ.
19.07.2025 - 10:21

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега