Се организира првиот ЕУ-МК Саем за одржлив локален развој и вмрежување
Оваа недела, во организација на Програмата „ЕУ за општините“, се одржува првиот ЕУ-МК Саем за одржлив локален развој и вмрежување. Целта на овој еднодневен настан, кој ќе се одржи во Скопје на 18 јуни 2025 година, е да се промовираат добри практики и успешни проекти финансирани од ЕУ, да се поттикнат нови партнерства меѓу општините, како и да се отвори простор за размена на искуства и идеи за понатамошен локален развој.
Настанот ќе ги претстави резултатите од повеќегодишната соработка меѓу општините од Северна Македонија и нивните партнери од земјите-членки на Европската унија, како и вложувањата кои ги прави Европската Унија преку Програмата „ЕУ за општините“. За присуство на настанот, сите заинтересирани можат да се најават со регистрација на следниот линк: https://forms.gle/TcEzqmYNLqGN5bFS7
Посебен фокус ќе биде ставен и на теми како што се урбаната мобилност и менаџмент на туристички дестинации, како два клучни аспекта на одржливиот развој на локално ниво. Предвидено е претставување на конкретни решенија од општините Велес, Струмица, Кавадарци и други, како и искуства од германските региони Гронау и Енепе-Рур, и грчката општина Едеса. Саемот се очекува да овозможи вмрежување, билатерални средби и интерактивна дискусија меѓу општините и меѓународните партнери.
Настанот ќе биде организиран во форма на саем, со учество на делегации од ЕЛС од Северна Македонија, Германија и Грција, министри во Владата, ЕУ Делегацијата во земјава, како и други релевантни чинители.
Овој Саем е дел од завршните активности на програмата „ЕУ за општините“ која во изминатите пет години придонесе за конкретни подобрувања на локално ниво во речиси сите 81-на општина низ Северна Македонија. Преку оваа Програма, ЕУ уште еднаш ја потврдува својата поддршка за пристапниот процес и ги препознава општините како клучни партнери во приближувањето кон европските стандарди.
За повеќе информации, Ве молиме контактирајте со Бојан Кордалов, Виш експерт за комуникации и видливост во рамки на Програмата „ЕУ за општините“, на [email protected] или на 072/222-041.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа