Седницата на која се одлучува за една изборна единица одложена за еден час

 

Во Собранието на Република Македонија се одржува  53. седница на која треба да се разгледа Предлогот за изменување и дополнување на Изборниот законик, по скратена постапка поднесен од претседателката и пратеничка на Либерално-демократска партија Моника Зајкова за воведување на една изборна единица. 

Веднаш по започнување на седницата пратеникот од Левица Борислав Крмов побара пауза од еден час. Крмов посочи дека причина за тоа се двете барања на партијата за кои рече дека се уште имаат нецелосен одговор.

-Нашето стандардно процедурално, е по член 87 став 2 ние бараме еден саат пауза. Еве и премиерот е тука, може да ургира, да се вложи за да ги добиеме патните трошоци. Ние чекаме повеќе од година дена, имаме две барања од кои само едно е исполнето, едното е делумно исполнето така што бараме еден час додека не се исполни обврската кон нашата пратеничка Мојсовска, рече Крмов.

На 53. седница меѓу точките кои треба да се разгледаат се и Предлог на закон за изменување на Законот за високото образование, Предлог на Закон за Инспекторат за државни инсигнии, Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за минимална плата во Република Македонија, како и Предлог на закон за поддршка на настраданите во несреќата во дискотеката во Кочани и на членовите на нивните семејства.

Седницата продолжува во 12 часот. 

12.06.2025 - 11:25

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега