Семејството на Фросина бара правда - најавен протест за денеска

 


Ден откако возачот Васил Јованов беше осуден на казна затвор за прегазувањето на Фросина Кулакова, семејството на жртвата повика на протест.

Протестот е закажан за во 17.00 часот на местото каде Кулакова беше прегазена, односно на пешачкиот премин спроти Универзална сала во Скопје.

Семејството на Фросина, како и граѓаните жестоко реагираа на донесената пресуда барајќи построга казна, иако според одредени адвокати, казната за Јованов е највисока изречена казна до сега за такво дело.

14.05.2025 - 10:56

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега