Сијарто: Присуството на Трамп на самитот на НАТО промени сè
Присуството на американскиот претседател Доналд Трамп на самитот на лидерите на НАТО промени сè во споредба со самитите од претходните години, поместувајќи го фокусот од поддршката за Украина кон зајакнување на одбранбените капацитети на алијансата, изјави денес во Хаг унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто.
Зборувајќи на прес-конференција по самитот, Сијарто рече дека ако треба да ја сумира разликата помеѓу овогодинешниот самит и оние од изминатите три години, тоа би било со два збора – Доналд Трамп, пренесува МТИ.
Сијарто рече дека враќањето на Трамп на власт сè променило и дека сега секој може слободно да користи зборови како мир, прекин на огнот и мировни преговори, без страв од јавна осуда.
„Со Доналд Трамп, самитот конечно ги имаше НАТО и зајакнувањето на одбранбените капацитети на трансатлантската заедница на дневен ред, наместо нереална поддршка за Украина и нејзиното членство во НАТО“, рече Сијарто.
Тој оцени дека конечната изјава од самитот е „невообичаено кратка“ само со осум страници, но сепак кажува повеќе и е подобра од претходната.
Сијарто рече дека завршната изјава ја потврдува посветеноста на земјите-членки на НАТО кон член 5 од Основачкиот акт, како и член 3 за обврските за национални одбранбени капацитети
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа