Сопругата на Андреј испрати порака: Ако нема правда, ќе нè има повеќе

 

Сопругата на прерано починатиот пејач Андреј од популарната група „ДНК“, Наталија Ѓорѓиеска, се огласи преку социјалните мрежи по денешното соопштение на Јавното обвинителство, поврзано со трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

Во својата објава, Наталија упати силна и емотивна порака, повикувајќи на праведност и еднаков пристап кон правдата за сите жртви и одговорни лица, без селективност и политички влијанија.

„Бараме неселективна правда. Без калкулации, без привилегирани и без заборавени. Ако не ја добиеме – ќе зборуваме погласно. И ќе не’ има се повеќе. Ако институциите не покажат дека можат и сакаат да ја спроведат правдата подеднакво за сите – тогаш допрва ќе бараме одговорност. И оставки“, напиша таа на „Фејсбук“.

13.06.2025 - 18:23

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега