Спречен прекуграничен криминал: Приведени две лица, запленет „форд транзит“

 


Денеска околу 9.30 часот од страна на полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Чашка, постапувајќи по претходно утврден план за сузбивање на прекуграничен криминал,  кај место викано Радушка река било сопрено товарно возило „форд транзит“ со тетовски регистарски ознаки.

При тоа лишени од слобода се Е.Б.(21) и едно малолетно лице, двајцата од с.Блаце, при што одземено е товарното возило за понатамошна постапка.

Лицата се пренесени во Полициска станица Ѓорче Петров и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

24.07.2025 - 14:15

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега