Таравари: Албанците нема да бидат без глас и влијание, ВМРО не враќа во комунизмот
Претседателот на Алијансата за Албанците и поранешен министер за здравство, Арбен Таравари, во подкастот „Интеркултура“ на ИМА со Роберт Алаѓозовски зборуваше за својата одлука да излезе од владината коалиција.
Тој истакна дека, иако меѓуетничките односи не беа директна причина, тие се една од главните причини:
- „За да бидам искрен, тоа не е директната причина, но е една од причините – да, тоа е вистина. Имавме договор помеѓу четирите партии на ВЛЕН и премиерот за закон подготвен од Алијансата за Албанците, кој ќе обезбеди правична застапеност за сите заедници. Се кажа дека ќе се усвои во декември, но поминаа месеци и законот сè уште не е донесен. Кај Албанците, особено, се создава впечаток дека сме се вратиле во комунизмот – кога имаше неколку Албанци на власт, но кои беа послушни кон режимот. Тие беа таму само како декор, без глас и влијание. Ние ја напуштивме владата за да испратиме сигнал дека вака повеќе не може. Партнерството подразбира еднаквост и меѓусебна почит", вели Таравари.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа