Тешка сообраќајка на патот Кавадарци-Неготино: „Фиат“ излетал од коловоз, повредени две тинејџерки

 


Вчера во 11.45 часот во ОВР Неготино било пријавено дека на патот Кавадарци-Неготино, патничко возило „фиат“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од М.Н.(18) од с.Сирково, општина Росоман, излетало од коловозот. 

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила 17-годишната сопатничка, додека со телесни повреди Д.А.(19), двете од с.Сирково, констатирани во Итната медицинска помош Неготино.

Извршен бил увид од увидна екипа на ОВР Неготино. 

24.06.2025 - 13:21

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега