Тешко повреден 27-годишник од Пехчево, без возачка дозвола со автомобил излетал од пат
Вчера во 19:49 часот во ОВР Берово било пријавено дека на патот Пехчево-Делчево, на место викано „Крива Круша“, патничко возило „цитроен“ со пехчевски регистарски ознаки, управувано од А.П.(27) од Пехчево, кој немал возачка дозвола, излетало надвор од коловозот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Клиничка болница Штип.
Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Берово.
09.09.2025 - 15:22
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа