Трајановски: Од Муцунски и Митески аеродромци добија само ѓубре

 

Четирите години на ВМРО-ДПМНЕ, Дејан Митески и Тимчо Муцунски во Аеродром – се години на разочарувања, незаинтересираност и нула исполнети ветувања. И Тимчо Муцунски кој наследи полна општинска каса, и сегашниот градоначалник Дејан Митески пред 4 години ветуваа сѐ и сѐшто – од „хумана урбанизација“ на Аеродром до 100.000 метри квадратни ново зеленило, 3.000 нови паркинг места, 4 нови градинки, таблет за секое дете и смарт табли во секој училница, изјави на денешната прес-конференција кандидатот на СДСМ за градоначалник на Аеродром Александар Трајановски.
 
По 4 години граѓаните го добија спротивното – запуштена општина, паркови обраснати со треви, ѓубре, ниту метар ново зеленило, проекти кои се во фаза на подготовка на документација или почетна фаза. Наместо локална власт што ќе работи за граѓаните, ја претворија општината во продолжена рака на ВМРО-ДПМНЕ. Ниту едно од клучните ветувања не е исполнето. Ветија 4 нови градинки во Острово, Лисиче, Мичурин и Долно Лисиче – реализација нема, ниту една од овие градинки не е изградена. Го нема ни ветеното зголемување на помошта за новороденче од 8.000 на 20.000 денари. Младите семејства се оставени сами да се снаоѓаат за чување на нивните деца.
 етената нова гимназија не е ни во подготовка, а надградбата на училиштата се сведува на еден објект, финансиран од Владата пред две години, додаде Трајановски.
Аеродром може и мора да биде модерна, зелена и функционална општина. Аеродром е нашиот заеднички дом, додаде кандидатот за градоначалник на СДСМ.

24.08.2025 - 13:18

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега