Трајно ќе се одземаат и ќе се донираат возилата на пијаните возачи и они кои дивеат, најави Тошковски

 


Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски соопшти дека со новите измени на Законот за безбедност во сообраќајот, Законот за прекршоци и Кривичниот законик, на најнеодговорните учесници во сообраќајот – како што се лицата кои возат без возачка дозвола, под дејство на алкохол или дроги, и оние што управуваат со екстремна брзина – ќе им биде одземано возилото трајно. Ова е првпат ваква мерка да се воведе во Македонија.

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, кој ја сподели информацијата, истакна дека нема да има зголемување на глобите, но новите санкции ќе бидат далеку поригорозни. Освен конфискација на возилото, со измените на Кривичниот законик, секое безобѕирно управување ќе резултира и со задолжителна затворска или условна казна, покрај паричната.

„На човек без возачка дозвола, под дејство на дроги и алкохол, не смее да му се дозволи да биде дел од сообраќајот“, рече Тошковски.

Додаде дека на таквите возачи, ќе им ги одземат возилата и ќе бидат донирани на институции, кои потоа ќе ги стават во функција на сите граѓани. 

01.08.2025 - 09:46

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега