Уште една баба „падна“ на стара фора: Битолчанка си дала 1.000 долари и 20.000 денари за наводна сообраќајка

 

На 25.08.2025 во 19:30 часот во СВР Битола, 88-годишна битолчанка пријавила дека била измамена од едно лице за сума од 1000 американски долари, евра и 20.000 денари. Според пријавеното, лицето ја контактирало телефонски и ѝ кажало дека нејзиниот син со сопругата предизвикал сообраќајна несреќа, при што се здобиле со тешки телесни повреди и притоа прегазиле осумгодишно дете и дека треба да плати за да не биде пријавен во полиција од страна на семејството на детето. Како што е пријавено, таа парите ги фрлила од балкон на едно лице, а подоцна дознала дека била измамена. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

26.08.2025 - 11:16

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега