(ВИДЕО) Први снимки од пукањето во училиштето во Грац: се слушаат истрели, седум ученици убиени

 


Најмалку девет жртви во пукањето во училиштето во австрискиот град Грац. Потврдени се девет смртни случаи – вклучувајќи го и сторителот.

Убиени се седум ученици и еден возрасен. Бројот на тешко повредени е двоцифрен, но точниот број сè уште не е официјално потврден. Според градоначалничката Елке Кар, напаѓачот е меѓу загинатите.

Се верува дека сторителот е поранешен ученик кој наводно отворил оган во две училници. Државната канцеларија за криминалистичка полиција започна истрага и бара мотив.

На социјалните мрежи е објавено видео од училница, на кое се слуша пукање.

„Незамисливо е што се случи денес во Грац. Како премиер на Штаерска и како татко, длабоко сум погоден од овој луд чин што донесе толку многу несреќа и неверојатно страдање“, рече штаерскиот премиер, Марио Кунасек.

Најмалку 28 повредени лица моментално се лекуваат во болници. Најмалку четворица од нив се во исклучително критична состојба, некои жртви наводно биле застрелани во главата, објавува Кронен Цајтунг.

Осомничениот сторител наводно е 22-годишен поранешен ученик кој, според непотврдени информации, легално поседувал оружје – пиштол и пушка што ги имал со себе.

Еден од двата класа во кои пукал наводно е неговата поранешна училница.

10.06.2025 - 13:22

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега