(ВИДЕО) Скопско со нова кампања: Вкусот што нѐ опушта и прави да сме свои
Оваа година, Скопско започнува нова кампања посветена на она што станува сѐ поретко во денешницата – вистинското опуштање и автентичната поврзаност. Во свет каде живееме под постојан притисок да бидеме совршени и да одржуваме слика што не е секогаш искрена, Скопско ја слави вистината и ни нуди момент да здивнеме. Со својот автентичен вкус – оној што го препознаваме во првата голтка – и со вековната врска со луѓето, Скопско останува симбол на блискоста, опуштањето и вистинските моменти. Тоа е совршениот придружник за опуштање: пивото што нѐ потсетува на она што навистина е важно: да бидеме свои, да се поврземе и да уживаме во вистинскиот пивски вкус.
Придружен со познатата песна „Нешто недостасува“ од македонскиот бенд АРЕА, ТВ спотот е уште една потврда за поддршката што Скопско континуирано ја дава на македонската музика и култура. Кога нешто недостасува – можеби тоа е токму оној препознатлив Скопско вкус што нè враќа на себе и прави да сме свои.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа