ВИДЕО: Сузана Турунџиева отиде да ја посети Атиџе - заедно ја запеаја „Македонско девојче“

 

Македонската водителка и пејачка Сузана Турнџиева оиде во Бекирлија да ја посети хероината од документарниот филм „Медена земја“, Атиџе Муратова.

Таа на својот Фејсбук профил објави фотографии од посетата на кои се гледа дека се прегрнуваат, пијат кафе и разговараат.

-Не престанавме 2020та да ја нарекуваме лоша, никаква, негативна, промашена година… Е па за мене 2020та е годината која (иако ми тргна лошо) ќе ја паметам по многу добри нешта, а најдоброто од се е пријателството со Атиџе- жената која ја испрати најсилната порака во светот и хероина, која во целост ја промени мојата “диоптрија” на животот.

Има малку моменти и ситуации за кои ми недостигаат зборови да се искажам… ова е еден од тие… Ќе оставам сликите и видеата да ви раскажат…Му благодарам на животот што ми даде прилика да ја посетам, да пиеме кафе, да се гушкаме, да пееме и да се смееме..

Фала ти животе, напиша Турунџиева во опис на фотографиите.

Бидејќи Атиџе многу сака да пее, а тоа го видовме и во филмот, на крајот од дружењето тие две ја запеаја и „Македонско девојче“:

Атиџе деновиве беше актуелна во јавноста откако пријави дека со години трпи малтретирање од нејзиниот сосед, кој исто така се појавува во документарниот филм, но дека по последните негови закани таа започнала и да се плаши за својот живот. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

15.09.2020 - 11:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега