Вил Смит нема да помине неказнето за шамарот: Академијата почна дисциплинска постапка против него
Во понеделникот започна истрага за инцидентот на овогодинешното доделување на Оскарите. Академијата за филмски уметности и науки преку соопштение се огласи во јавноста.
Членовите на Академијата тврдат дека Вил Смит бил замолен да ја напушти церемонијата по нападот на Крис Рок , но дека тој одбил да го стори тоа.
Велат дека против актерот покренале дисциплинска постапка бидејќи ги прекршил стандардните правила на однесување на Академијата. Тие вклучуваат несоодветен физички контакт, закани и нарушување на угледот на Академијата.
Првите постапки против Вил Смит, кој го освои Оскарот за најдобра главна машка улога, би можеле да бидат покренати уште на следниот состанок на Одборот на Академијата, закажан за 18 април 2022 година. Вил Смит може да се соочи со суспензија, исфрлање и други санкции, велат тие.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа