ВЛЕН: Гарантираме вистински решенија за чист воздух, вода и заштитена природа

 

Под визионерското и посветено управување на првиот заменик-премиер и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, надлежното министерство станува пример за радикална трансформација и модернизација на политиките за животна средина во земјата. Ова го велат ВЛЕН преку соопштение за јавноста.

- Со извонредна посветеност и јасна политичка волја од страна на политичкиот субјект ВЛЕН, се гради функционален, сеопфатен и долгорочен систем за заштита и подобрување на животната средина. Ова е ново поглавје за нашата земја, нова ера на зелени политики кои нема да останат на хартија, туку ќе добијат конкретна форма преку закони, проекти и реални акции. Во Министерството за животна средина и просторно планирање, секојдневно се работи интензивно на одобрување и спроведување на клучни закони што гарантираат долгорочни решенија за чист воздух и вода, заштита на природата и современ систем за управување со отпад. Моментално во владина процедура се: измени и дополнувања на Законот за животна средина (2 пати), три закони од областа на управувањето со отпад. Во завршна фаза е и Законот за контрола на индустриските емисии, кој за прв пат предвидува инсталирање на сензори за мерење на квалитетот на воздухот во реално време во сите големи индустриски капацитети кои имаат интегрирана А-дозвола - конкретен и историски чекор кон надзор на големите загадувачи. Паралелно, интензивно се работи на: Законот за климатска акција, Законот

Додаваат дека оваа ангажираност ја покажува посветеноста на Владата, особено на министерот Меџити и на субјектот ВЛЕН, за градење систематски и одржлив пристап кон заштитата на животната средина, не со привремени решенија, туку со добро осмислени политики со долгорочно влијание врз идните генерации.

- ВЛЕН ја покажува својата грижа за граѓаните и со тоа што гарантира почиста животна средина!, велат од партијата преку соопштението до јавноста.

06.05.2025 - 09:25

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега