ВМРО-ДПМНЕ: Економијата бележи континуиран раст – Стандардот на граѓаните наскоро ќе се подобри
После долги години на двоцифрена инфлација, таа конечно се зауздува и намалува, а економијата бележи раст, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Откако седум години СДС ја уништи економијата и го срози стандардот на граѓаните, стопанството конечно застанува на нозе и бележи континуиран раст во три последователни квартали од 3 или над 3% раст на БДП.
СДС може да зборува колку сака, но економските параметри покажуваат дека полека се санира економскиот пустош кои тие го оставија.
Посветената работа на владата, добро проектираните преземени економски мерки и политики вродуваат со плод и СДС може само да гледа и да учи како се работи за доброто и во интерес на државата и граѓаните.
Континуираниот позитивен раст на БДП од 3 или над 3% е добра основа годинава да се постигне проектираниот раст од 3,7%, а инфлацијата да се намали на 2,2%.
Овој раст на економија ќе придонесе за понатамошен одржлив раст на платите и пензиите кои ќе го подобрат животот на граѓаните.
Од формирањето на владата до сега во неколку наврати беа покачени платите на сите вработени во здравството, образованието, полицијата, армијата, согласно закон порасна и минималната плата, а за пет илјади линеарно се зголемија пензиите на сите пензионери“, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа