ВМРО-ДПМНЕ: Раководството на СДС е во скут на бугарското разузнавање и ДУИ

 


ВМРО-ДПМНЕ ако од нешто има паника, тоа е од мазохистичките прес-конференции и соопштенија на СДС, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Се грижиме што не останавме со нормална реформирана опозиција, која ќе биде алтернатива и коректор на власта. И наместо  тоа, го имаме истиот СДС кој ги донесе 7-те години беда, корупција, предавства и пропаст на државата и нејзините институции.

СДС, чие раководство е во скут на бугарското разузнавање и на ДУИ, заради сопствените коруптивни особини и однесувања.

Од тоа се плашиме, што СДС не ја сфаќа реалноста и фактот дека народот не им заборава и нема да им прости.

И наместо да се реформираат и променат на подобро, тие продолжуваат со  неинвентивни соопштенија дека сме се уплашиле, во ситуација кога не можат да најдат кандидати за градоначалници и во која 3-4 освоени градоначалници за нив ќе е огромен успех.  Е од тоа се плашиме.

 

Ова СДС, освен што е штетно како власт, е еднакво деструктивно за државата и од опозиција“, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

20.07.2025 - 13:44

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега