Вонреден состанок – се прави координација за гаснење на пожарот над Русиновo
Раководителот на Главниот штаб за управување со кризи, Стојанче Ангелов, директор на ДЗС, вечерва лично присуствуваше на координативниот состанок на Штабот за заштита и спасување на Општина Берово што го раководеше градоначалникот Звонко Пекевски.
Притоа, на работниот состанок на општинскиот штаб, согласно извештаите за движењето и интензитетот на пожарот се одвиваше дискусија за планирање за справување со огнот. Практично, при пожарот во планината над Русиново, заради променливиот ветар, потоа и заради големи шупливи дрвја остани од минатите пожари, што горејќи паѓаат низ стрмнините, а и заради непристапност на теренот е отежнато справувањето со него.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа