3 степени утринска температура - УХМР најавува голем пад на температурата

 


Во наредните денови не очекува сончево време, со посвежи утра и постепен пораст на дневните температури, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Во текот на утрешниот ден ќе дува умерен до засилен северен ветер, локално со брзина над 60 километри на час. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 15, а максималната ќе достигне од 19 до 28 степени.

Во Скопје минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне до 26 степени.

17.09.2025 - 12:42

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега