Бесплатна обука за англиски јазик и информатика за деца од ранливи категории

 

Бесплатни летни интензивни курсеви по англиски јазик и информатика ќе се одржуваат во текот на јули и август, наменети за ученици од ранливи социјални категории, кои ќе бидат организирани во групи според нивото на знаење - од почетно до напредно.

Како што соопшти Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, курсевите ќе се одржуваат во рамки на иницијативата „Направи чекор“ и ќе се реализираат преку eTвининг-мрежата  „Јазикот и технологијата во служба на квалитетен eTвиниг проект“. 

-Во реализацијата ќе бидат вклучени наставници по англиски јазик и информатика, кои ќе работат по прилагодени програми и ќе користат специјализирани материјали за забрзано учење. Преку оваа иницијатива, Националната агенција ќе овозможи бесплатна обука за 600 деца од ранливи категории, поттикнувајќи го развојот на нивните јазични и ИКТ-ваштини преку современи и достапни образовни можности. Оваа иницијатива е значајна бидејќи претставува јасен пример за тоа како образованието може да биде моќна алатка за инклузија, обезбедувајќи еднакви можности за сите деца, без разлика на нивната социјална или економска позадина, соопшти Агенцијата. 

Посочува дека целите на иницијативата се многустрани: да се унапредат јазичните и дигиталните вештини на учениците; да се поттикне самодоверба и мотивација кај младите; да се промовира проектно учење; да се создаде основа за понатамошно учество во европски образовни проекти и да се изградат одржливи локални практики кои ќе ги поддржат учениците и по завршувањето на курсевите.

-Со примена на иновативни методи, ангажирани наставници и вредни партнерства, оваа програма претставува вистински чекор напред кон поинклузивно, поквалитетно и европски ориентирано образование во Република Северна Македонија, се наведува во соопштението на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност.

10.06.2025 - 10:14

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега