Мајка и син осудени на по 45 години затвор за убиство на снаата
Мајка и син, Леџиба и Горан Равлиќ, се осудени на по 45 години затвор поради убиството на сопругата на Горан – Нермина.
Обвинителството ги товари дека од средината на мај до 28 јуни минатата година, во стан во сараевската населба Пофалиќи, психички и физички ја малтретирале Нермина, а на крајот и ја убиле. Ѝ забранувале каква било комуникација со надворешниот свет, ѝ го уништиле мобилниот телефон и не ѝ дозволувале да излегува од станот, пренесува Klix.ba.
„Ја изгладнувале, ја шишале, ѝ ја кубеле косата, ѝ ги врзувале рацете за да не може да пружи отпор. Сексуално ја злоставувале и ѝ нанеле повеќе од 100 повреди, меѓу кои каснувања, изгореници, фрактури и повреди во пределот на гениталиите. Од нанесените повреди починала“, стои во обвинителниот акт.
Телото на жртвата со денови стоело во станот. За да прикријат смрдеата, Горан и Леџиба користеле освежувачи на воздух и мирисливи свеќи. Контактирале со Латиф Јашаревиќ, кој се согласил да им помогне во прикривањето на трагите.
По наредба на Леџиба, Горан и Латиф во повеќе наврати купувале секира, пила, сет ножеви, пластични кутии со ладилници, патрони амонијак за преносни фрижидери, машина за мелење месо, лепливи ленти, кеси за ѓубре, заштитни ракавици и маски, како и средства за дезинфекција и чистење.
Планот бил телото да го расечат на парчиња.
„Горан и сам призна дека машината за мелење месо не ја употребил бидејќи не знаел како се користи“, изјавила судијката на Кантоналниот суд во Сараево, Мелика Муртезиќ.
Горан не негирал дека ја убил сопругата, но тврдел дека убиството не било планирано. На едно од рочиштата изјавил дека често ја тепал својата мајка.
„Бев убеден дека мајка ми го изневерува татко ми со соседите, кои сакаа да ме ослепат со киселина. Бев убеден дека еден сосед постојано е кај нас, се крие под масата, па со ламба го барав таму“, рекол тој.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа