Британска амбасада: Почеток на нова ера во односите меѓу Обединетото Кралство и Северна Македонија
Со потпишувањето на новото партнерство Влада со Влада, денес започнува нова ера во односите помеѓу Обединетото Кралство и Северна Македонија, соопшти Британската амбасада во Скопје. Како што велат од таму, партнерството има за цел да ја зајакне трговската соработка и да поттикне економски раст преку поддршка на клучни инфраструктурни проекти во различни сектори вклучувајќи транспорт, здравство, енергетика и технологија.
„Партнерството овозможува пристап до широк спектар на поддршка, меѓу кои и техничка помош, како и потенцијални инвестиции до 5 милијарди фунти преку Инструментот за надворешно финансирање за проекти во Северна Македонија“, се вели во соопштението од Амбасадата.
Свеченото потпишување се одржа на 22 мај 2025 година во историската зграда Old Admiralty во Лондон, а присуствуваа британскиот министер за извоз, Герет Томас и заменик-претседателот на Владата на Северна Македонија, Александар Николоски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа