Бројките растат, најмалку 15 лица загинаа при излетување на трамвај во Лисабон

 


Најмалку 15 лица загинаа откако популарната туристичка жичарница Глорија излета од шините и се урна во Лисабон, соопшти португалската полиција.

Фотографиите од местото на несреќата покажуваат дека кабината на жичарницата, која потсетува на трамвај, е практично уништена. Иако првичните извештаи говореа за неколку жртви, бројката за жал значително се зголеми.

Трагедијата се случила доцна попладне, а спасувачките екипи се веднаш на терен. Причините за несреќата сè уште не се познати, а истрагата е во тек.

03.09.2025 - 22:25

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега