Бугарин уапсен на Табановце: Се обидел да внесе електрошок и солзавец во Македонија
Вчера во 10.50 часот на Граничен премин Табановце, на влез во државата, полициски службеници го лишија од слобода Р.А.(37) од Република Бугарија затоа што при гранична контрола и проверка во патничко возило „нисан“ со германски национални ознаки, кое го управувал, пронајдени и одземени се електрошок и солзавец.
Тој бил предаден на полициски службеници во СВР Куманово за понатамошна постапка.
05.06.2025 - 13:11
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа