Арсовска: Мојот син е роден на Духовден, по кој ми се закануваат другарчињата на Висар Ганиу
Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, упати честитка до граѓаните по повод празникот Курбан Бајрам, истакнувајќи ја важноста на солидарноста, хуманоста и меѓусебното почитување. Таа посака празничните денови да донесат мир, радост и семејна хармонија во секој дом.
Во истата прилика, Арсовска испрати и порака по повод Задушница, која годинава се одбележува во пресрет на големиот христијански празник Духовден.
„Честит Курбан Бајрам на сите припадници на исламската вероисповед, со искрени желби за добро здравје и многу среќа. Хуманоста, хармоничните односи меѓу луѓето и стремежот кон мир и благосостојба, како основни принципи на исламот, на празникот Курбан Бајрам исполнете ги со посета на роднините и пријателите, со честитки и добри желби за секој.
Годинава на ист ден е и Задушница во пресрет на големиот празник кој доаѓа во недела – Духовден. Сеќавајќи се на покојните претци, смислата на овој ден е во молитвата, варена пченица, вино и леб. Овој ден има посебно значење бидејќи пред 21 година токму на Духовден е роден мојот син, по кој ми се закануваат другарчињата на Висар Ганиу.
На овој ден мир и спокој им посакувам на сите, освен на урбаната мафија на Ганиу, затоа што во Македонија заслужуваме хумано и безбедно да живееме секој ден во годината.
Поздрав од Портпаролот за спречување корупција на Конгресот на Совет на Европа, Данела Арсовска“, објави градоначалничката.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа