Целосно прекинат сообраќајот кон Граничниот премин Блаце поради пожар
Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека поради ширењето на пожарот во близина на Блаце, целосно е прекинат сообраќајот на патниот правец Стенковец-ГП Блаце, во двата правци, а затворен е и граничниот премин Блаце.
Апелираме до граѓаните да не тргнуваат кон ГП Блаце до гасењето на пожарот и нормализирање на сообраќајот, за што соодветно ќе ја информираме јавноста, велат од МВР во координација со другите надлежни институции презема мерки за гасење на пожарот.
07.07.2025 - 17:34
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа