Познат идентитетот на сопственикот на фирмата каде избувна пожарот во Визбегово
Денеска во 09.16ч. во СВР Скопје е пријавено дека на отпад за старо железо ул. „Б. Буна“ во Скопје има пожар односно дека горат хаварисани возила, на кои имало монтирано плински уреди и се слушаат детонации од истите.
До сега нема зафатено приватен имот – куќи. Се преземаат мерки за гасење на огнот и расчистување на случајот. До овој момент едно лице е повредено и е пренесено за укажување лекарска помош.
Поради непочитување наредба од службено лице, приведен е А.Н., сопственик на правното лице што управува со отпадот.
09.07.2025 - 12:46
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа