Директорот на БЈБ во посета на СВР Штип: Ние служиме, не владееме
Директорот на Бирото за јавна безбедност при МВР, Александар Јанев денеска ги посети полициските станици во Свети Николе, Кочани и Виница и оствари работна средба со раководните лица во овие полициски станици.
На средбите се разговараше за мерките и активностите за подобрување на безбедноста во сообраќајот, како и за тековните случување на подрачјето што го покриваат овие полициски станици.
Директорот Јанев повторно ја упати јасно пораката до полициските службеници дека ние сме овде да служиме, а не да владееме и дека секој поединец кој е дел од полицијата мора да чувствува морална одговорност и интегритет при извршување на функцијата.
Директорот на Бирото за јавна безбедност при МВР, претходно во касарната „Ѓорче Петров“ во Скопје оствари работна средба со челните луѓе на Единицата за интервентна полиција, ОСПО односно САЕ Тигар и ЕБР како и со раководството на Секторот за внатрешни работи Штип и на СВР Скопје.
На средбата тој беше информиран за сите детали околу вчерашните и синоќешни заеднички активности на овие организациони единици при БЈБ околу расчистувањето на кривично-правниот настан што вчера се случи во Штип, во кој што едно лице беше убиено, а сторителот на кривичното дело како и останатите инволвирани во настанот набргу беа лоцирани и приведени од страна на полициските службеници од ЕИП, СВР Штип и СВР Скопје.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа