Драма на Табановце: Уапсена Србинка

 


Вчера во 17.15 часот на Граничен премин Табановце, на влез во државата, полициски службеници ја лишија од слобода Н.Ш.(46) од Република Србија, затоа што при пасошка контрола и проверка во оперативна евиденција било констатирано дека патничкото возило „мини“ со германски национални ознаки, кое го управувала, било барано од Интерпол - Сојузна Република Германија.

Возилото било одземено, а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

13.06.2025 - 13:57

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега