Дубровник најбезбеден туристички град во Европа
Иако фактори како што се активностите, времето и буџетот обично го обликуваат изборот за одмор, и безбедноста е клучен фактор при резервација на следната дестинација.
Во таа смисла, градови како Дубровник (Хрватска) и Талин (Естонија), на пр., успеале да го зачуваат своето средновековно наследство, истакнувајќи ја и безбедноста и удобноста на туристите и жителите.
Индексот на најбезбедни туристички места ги оценува европските градови врз основа на растот на стапките на криминал во последните пет години, како и моментните нивоа на криминал, за комбиниран резултат т.е. оценка за безбедност.
Најниската бројка, како најниска стапка на криминал, ја означува најбезбедната дестинација.
Следат петте најбезбедните градови во Европа.
Дубровник
Како еден од најпопуларните градови во Хрватска, Дубровник, се чини, е и најбезбеден – според „Ривиера травел“, со вкупна безбедносна оценка 44,1. Градот, наречен „Бисер на Јадранот“, е светско наследство на УНЕСКО, поради неговиот добро зачуван Стар град – со особено добро осветлени улици, но и исклучителна стара, средновековна архитектура. И безбедното ноќно истражување на ова туристичко место е можно, па дури и ако се обидете сами, бидејќи градот е многу лесен за пешачење.
Дубровник, според „Лонли планет“ (Lonely Planet), е особено гостопримлив за туристите – ги штити своите жители и создава безбедна средина за посетителите. Насилниот криминал е редок, иако ситни кривични дела како што се џебни кражби – сè уште можат да се случат, или пак, повремени туристички стапици и измами од таксисти.
Талин
Естонскиот главен град се најде на второто место на Индексот, со вкупна оценка за безбедност од 55,8 т.е. многу ниска стапка на криминал. Градот е и еден од најбезбедните главни градови во Северна Европа. И тука Стариот град е место од листата на светското наследство на УНЕСКО – како исклучително добро сочуван пример за средновековен трговски град во овој дел на Европа.
Апликациите за такси – како „Болт“, нудат услуги „Жени за жени“, коишто им овозможуваат на патничките конкретно да побараат превоз од жени-возачи.
Властите во Естонија, исто така, ја поттикнуваат безбедноста, како и полесен пристап до услуги и информации преку интернет.
Варшава
Главниот град на Полска е трет град на Индексот, со оценка 60,2. Иако градот бележи умерено зголемување на криминалот последниве пет години, сепак има ниска стапка на криминал.
Прага
Чешката престолнина, нарекувана и „Град на сто кули“, е на место бр. 4 на Индексот – со оценка 50,9. Слично на Варшава, и Прага бележи умерено зголемување на криминалот последниве пет години, иако сè уште има ниска моментна стапка на криминал.
Според „Праг вјус“, спроведувањето на Законот е проактивно и делотворно, особено во справувањето со џебните кражби, но и други кривични дела. Во одржувањето на редот, голем удел има и тоа што во градот е поставен добар систем за надзор.
Краков
Уште еден полски град на листата… Краков се наоѓа на петтото место, со оценка за безбедност од 64,3. И тука се бележи умерено зголемување на стапката на криминал последниве пет години.
Краков има пријателски став кон туристите, се вели, а и јавниот превоз е генерално безбеден, дури и ноќе.
Топ-10 листата ја дополнуваат: Амстердам (Холандија), Минхен (Германија), Рејкјавик (Исланд), Цирих (Швајцарија) и Будимпешта (Унгарија).
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа