Хаос во Србија: Масовни протести по синоќешните инциденти во Врбас и Бачка Паланка

 

Низ цела Србија, граѓаните и студентите вечерва протестираат, поради синоќешните инциденти во Врбас и Бачка Паланка, кога поддржувачи на Српската напредна партија фрлаа камења и пиротехнички средства врз граѓаните. Протести ќе се одржат во повеќе од 30 градови.

Напнато е во Нов Белград, Нови Сад, Крагуевац. Во Нов белград кордон на жандармеријата ги запре граѓаните и студентите, додека зад него се наоѓаат приврзаниците на партијата на претседателот Александар Вучиќ.

Во повеќето градови, поддржувачите на СНС се собраа пред просториите на партијата, додека во Нови Сад употребија петарди и ги фрлаа врз граѓаните што протестираат. Повечето од овие поддржувачи носат маски на лицата.

Полицијата,во полна опрема за да ги растера демонстрациите, по некое време застана меѓу граѓаните што протестираа и поддржувачите на СНС, но без да реагира на оние што ги запалија огнометите. Се испалуваат топовски удари, како и солзавец

Во Крагуевац колона граѓани тргна кон просториите на Српската напредна партија.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, е на улицата „Кнез Милош“, каде што им се обраќа на собраните членови на Српската напредна партија.

Вучиќ се наоѓа во периметарот составен од припадници на полицијата, членови на партијата, но и луѓе со сомнителни биографии.

За време на своето обраќање, Вучиќ прво се обиде да го претстави својот митинг како масовен, а во исто време го намали значењето на собирите низ Србија на кои граѓаните беа поканети од студентите.

„Не сакам да кажам колку пати и колку илјади од тие луѓе кои не напаѓаат никого и кои само сакаат да го зачуваат правото на нормален и пристоен живот, ви благодарам бескрајно затоа што немате друга мотивација“, рече тој, меѓу другото.

За време на синоќешните протести во Врбас и Бачка Паланка, дојде до отворен конфликт меѓу демонстрантите кои ги поддржуваат студентите и оние кои се членови или симпатизери на Српската напредна партија. Поддржувачите на СНС фрлаа камења и шишиња врз граѓаните, а беа употребени и пиротехнички средства – топовски удари и огномет, кои беа испукани кон граѓаните, но и кон полицијата. Нападната беше и екипата на телевизијата Н1, додека пасивната реакција на полицијата беше впечатлива.

Иако полицијата беше присутна во голем број, таа само послужи за спречување на целосен физички конфликт меѓу двете групи, но воопшто не реагираше на луѓето кои се најдоа пред просториите на СНС и кои, буквално пред полицијата, ги обсипаа мирните граѓани собрани на протестот.

Досега нема информации дека некој од групата поддржувачи на СНС е уапсен, иако по синоќешните протести имаше повредени полицајци, а според медиумските извештаи, над 60 повредени граѓани се јавија во ургентниот центар во Врбас.

13.08.2025 - 22:06

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега