Фатална грешка на готвачот: Откриено што и претходело на невидената трагедија во Турциј

 

Утврдено е дека пожарот во хотелот Гранд Картал во Болу, во кој животот го загубија 78 лица, а 50 се повредени, избувнал кога четиричлена екипа во кујната додека подготвувала појадок, се обидела да го изгасне запаленото врело масло со вода, предизвикувајќи пламенот да се прошири. Од приведените, 19 лица се уапсени под обвинение за „свесно невнимание кое довело до смрт и повреда на повеќе лица“.

Пожарот се случи на 21 јануари во хотелот Гранд Картал, лоциран во ски-центарот Карталкаја на врвот на планината Короглу. Пожарот бил пријавен во 3 часот и 21 минути, по што на терен биле испратени противпожарни единици, пишува Хуријет.

По несреќата, Обвинителството во Болу покрена истрага во која беа приведени 26 лица, меѓу кои и сопственикот на хотелот Халит Ергул.

Во текот на истрагата почнале да се откриваат околностите кои довеле до пожарот. Според изјавите на осомничените, готвачот Фајсал Џавер и кујнските работници Мехмет Гундуз, Јусуф Караханли и Фидан Курч отишле во кујната да подготват појадок. Во текот на подготовките маслото на скарата се прегреало и се запалило.


Во паника работниците во кујната се обиделе да го изгаснат пламенот потопувајќи го маслото со вода, поради што пожарот експлозивно се проширил. Пламените јазици брзо го зафатија просторот над скарата, се проширија на системот за вентилација и преку оџакот стигнаа до другите делови од зградата.

Откако сфатиле дека не можат да го контролираат пожарот, работниците во кујната исплашени избегале од зградата. Пожарот кој започнал во кујната набрзо се проширил и го зафатил целиот хотел.

27.01.2025 - 18:44

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега